На другите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања
На граничниот премин „Табановце“, чекањето за излез од државата е околу 40 минути, информира Автомотосојузот во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.
Викендов наши државјани одат да се вакцинираат во Србија, што предизвика застои и чекање на границата.
На другите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Во Ниш денеска продолжува акцијата за имунизација на македонските стопанственици, што ја организира Стопанската комора на Северна Македонија.
„Според информациите на нашите дежурните екипи, на ГП ‘Табановце’, протокот на возила се одвива со континуирана динамика преку 6 коловозни ленти, а процесот на вакцинација во Ниш е почнат навремено. За стопанствениците пријавени преку Стопанската комора на Северна Македонија, а во организација и со поддршка на Стопанската комора на Србија и колегите во Регионалната комора во Ниш, процесот се одвива на посебно договорени пунктови, без застој“,
соопштија од Стопанската комора.
Се очекува, како и вчера, повеќе од 1 000 македонски стопанственици да бидат вакцинирани во рамки на акцијата.