Директорот на Општата болница Куманово, Сашо Стошевски, информира дека 43-годишникот е пренесен во Скопје, но дека е надвор од животна опасност
Повредениот од денешното пукање во Куманово бил донесен во кумановската болница со четири прострелни работи во пределот на левата подлактица и десното колено. Директорот на Општата болница Куманово, Сашо Стошевски, информира дека мажот е пренесен на скопските клиники, но дека е надвор од животна опасност.

„Направени се сите иследувања од наша страна – рендген, компјутер. Лицето е надвор од животна опасност. Со возило на општа болница Куманово е пренесено на клиниките во Скопје“,
изјави директорот Стошевски за МИА.
Во меѓувреме, од Ургентниот центар при Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) во изјава за МИА потврдиле дека кај нив е донесено повредено лице при пукањето во центарот на Куманово.
Во престрелката пред 14 часот попладнево повреден е 43-годишник З. Ш. од Слупчане, Липково. Мажот бил застрелан од две лица во движење кои пукале кон возилото кое го управувал.
Според информациите на ТВ Телма, ранетиот е Зекирија Шаини, вработен на скопската Клиника за пулмологија и носител на советничката листа на ДУИ во општина Липково.