Градот Харков, кој се наоѓа на околу 30 километри од руската граница, беше честа цел на воздушни напади во текот на тригодишната војна
Најмалку 12 лица се повредени во руски напад со наведувана бомба врз петкатница во Харков.
Наведуваната бомба е модификувана класична бомба на која се додадени крила и ГПС-уред, што овозможува нејзино попрецизно користење и од поголема далечина.
Регионалниот гувернер на Харков, Олег Синјехубов, изјави дека експлозијата предизвикала пожар, а пожарникарите трагаат по преживеани.
Градот Харков, кој се наоѓа на околу 30 километри од руската граница, беше честа цел на воздушни напади во текот на тригодишната војна.
Наведуваните бомби беа клучно оружје во руското освојување на тактички важниот град Вуледар.
Украина нема ефективна контрамерка за овие бомби кои се лансираат од руски авиони во Русија.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека последниот напад врз Харков укажува на итна потреба од зголемена поддршка од западните сојузници.