Вработениот е пренесен на Универзитетската клиника за понатамошен третман и е вон животна опасност, информираа од компанијата
Повреден е еден вработен во погонот Челичарница на „Макстил“, во текот на редовното работење во трета смена, информираат од компанијата.
„На вработениот веднаш му е пружена прва помош и е пренесен во Ургентниот центар на Универзитетската клиника за понатамошен третман. Тој е вон животна опасност“,
се наведува во соопштението.
„Макстил“ информира дека случајот е пријавен во надлежните институции, чии екипи излегле веднаш на самото место на настанот.
„’Макстил’, АД по итна постапка, формираше комисија за детална интерна истрага за утврдување на околностите под кои настанал инцидентот и повредата, како и за утврдување на одговорноста. Јавноста ќе биде навремено информирана со повеќе информации и детали во моментот кога тие ќе бидат достапни“,
се додава во соопштението.