Од Канцеларијата на Народниот правобранител дополнуваат дека правата на граѓаните ќе ги штитат со преземање на итни мерки за ефективно постапување од страна на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да обезбедат заштита на нивните загарантирани права

Канцеларијата на Народниот правобранител денеска, на денот на гласањето, стави во функција бесплатна телефонска линија 0800-54321, достапна за граѓаните од 7 до 19 часот за пријавување на каква било повреда на избирачкото право.
Како што соопштуваат од канцеларијата на Омбудсманот, покрај главната канцеларија во Скопје, отворени ќе бидат и подрачните канцеларии во Битола, Кичево, Куманово, Штип, Струмица и Тетово, со цел да им се обезбеди помош на граѓаните во остварувањето и заштитата на нивните права.
Граѓаните, покрај на бесплатната линија, ќе можат за заштита на своите права да се јават и на следниве телефонски броеви во Тетово на 044 344-082, Кичево – 045 228-586, Битола – 047 242-310, Куманово – 031 431-488, Струмица – 034 329-996 и во Штип на 032 389-700
Од канцеларијата на Народниот правобранител дополнуваат дека правата на граѓаните ќе ги штитат со преземање на итни мерки за ефективно постапување од страна на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да обезбедат заштита на нивните загарантирани права.
„Избирачкото право е уставно загарантирано како еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање“,
велат од Омбудсманот.
Оттаму нагласуваат дека никој не смее да биде повикан на одговорност заради остварување на ова право, а повредата на слободата на определувањето на избирачите, како и другите повреди на избирачкото право, се казниви дела.
Народниот правобранител апелира до сите чинители во изборниот процес да ги почитуваат здравствените протоколи утврдени за начинот на гласање.
