Високиот суд на Обединетото Кралство ја прифати жалбата на американската влада поднесена на одлуката со која се одбива екстрадицијата на Асанж и го врати предметот на понискиот суд на повторно одлучување
Асанж во САД се товари за голем број кривични дела поврзани со неговата комуникација со „свиркачите“, од кои најважна е Челзи Менинг, која дошла до доверливи материјали за американските војни во Ирак и Авганистан. Доколку биде прогласен за виновен, му се заканува затворска казна до 175 години
Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, е сѐ поблиску до екстрадиција во САД, откако американската влада го доби случајот за екстрадиција во судот во Лондон, јавува Би-би-си.
Високиот суд на Обединетото Кралство ја прифати жалбата на американската влада поднесена на одлуката со која се одбива екстрадицијата на Асанж, отворајќи ја вратата за неговото евентуално судење на американска територија по обвинение за шпионажа.
Случајот сега ќе биде вратен на понизок суд, каде што повторно ќе се расправа.
Окружниот суд во јануари го одби американското барање за екстрадиција, наведувајќи ја како причина неговата ранлива психичка состојба, како и тоа дека би можел да си го одземе животот доколку се најде во брутални затворски услови во САД.
Тој се бара во САД поради објавување на илјадници доверливи документи во 2010 и 2011 година.
? Julian Assange can be extradited to the US, the High Court has ruled as senior judges overturned an earlier decision in the case of the WikiLeaks founder https://t.co/87jq6Ls8mA
— The Telegraph (@Telegraph) December 10, 2021
Асанж во САД се товари за голем број кривични дела поврзани со неговата комуникација со „свиркачите“, од кои најважна е Челзи Менинг, која дошла до доверливи материјали за американските војни во Ирак и Авганистан. Доколку биде прогласен за виновен, му се заканува затворска казна до 175 години.

Но, сепак конечната одлука за целиот случај на крајот може да ја донесе Врховниот суд, бидејќи страната која би изгубила би можела да поднесе жалба до највисоката судска инстанца.
Асанж е во притвор од април 2019 година, кога беше осуден на 50 недели затвор. Британските власти го извлекоа од Амбасадата на Еквадор откако му беше одземено државјанството.
Поддржувачите на Асанж велат дека тој е прогонуван поради разоткривање на злосторствата на американската влада и нејзините сојузници и дека земјите што го прогонуваат практично го обесхрабруваат истражувачкото новинарство на глобално ниво.