Неколку украински градови вечерва се погодени од руски ракети, кои, меѓу другото, уништиле три електрани во Лавов, па речиси цел град е без струја, пренесуваат украинските медиуми.
„Три електрични централи се оштетени во ракетен напад“,
објави градоначалникот на Лавов, Андриј Садовји на Телеграм.
Тој во својата објава додава и дека најмалку едно лице е повредено, а украинските медиуми пишуваат дека неколку населби во Лавов се без струја.
Покрај Лавов, бомбардирани се и области во Виница, Одеса и Кировоград, а се уште не е позната колкава е штетата, пренесуваат украинските медиуми.
Закарпатската област, која досега не беше на мета на руските сили, вечерва е нападната за првпат од почетокот на руската инвазија.
„Ракета го погоди планинскиот дел на Закарпатје. Службите се на местото на настанот и ќе известат за поврдени лица и евентуални жртви“,
напиша на Телеграм гувернерот на овој регион, Виктор Микита.