Тимот на Универзитетот „Јеил“, следејќи ги реакциите на повеќе од 1 000 големи бизниси, заклучи дека, сепак, и покрај многуте повлекувања, голем број западни фирми ја продолжуваат својата работа нормално
Досега повеќе од 600 компании одлучија да ја запрат или да ја намалат својата работа во Русија по инвазијата на Украина во февруари – покажа истражувањето на група професори во САД, пренесе Би-би-си.
Тимот на Универзитетот „Јеил“, следејќи ги реакциите на повеќе од 1 000 големи бизниси, заклучи дека, сепак, и покрај многуте повлекувања, голем број западни фирми ја продолжуваат својата работа нормално.
Во нивната листа на вакви компании која постојано се ажурира, тие даваат „оценки“ за секоја компанија врз основа на тоа колку таа ја скратила својата работа – од „А“ која е најдобра до „Ф“ која е најлоша оценка.
Фирмите од „Хајнекен“ до „Нетфликс“, кои беа децидни дека целосно прекинуваат бизнис во Русија, добија „А“. Од друга страна, таквите како „Емирејтс ерлајнс“ и ЏД.ком добиваат „Ф“ поради одлуката да продолжат со „бизнис како и обично“.