Патниците кон Албанија се пренасочуваат на граничниот премин „Свети Наум“ кај Охрид или „Блато“ кај Дебар
Поради превртена цистерна, повеќе од 24 часа целосно е затворен за сообраќај патот Струга – граничен премин „Ќафасан“.

Од Секторот за внатрешни работи (СВР) Охрид информираат дека на терен се преземаат мерки, но поради технички причини се уште не е отстранета превртената цистерна од коловозната лента.
Патниците кон Албанија се пренасочуваат на граничниот премин „Свети Наум“ кај Охрид или „Блато“ кај Дебар.
Од фотографијата што вчера ја објави МВР од несреќата, се гледа дека цистерната е сериозно оштетена, но не се забележува некакво истекување од неа.
Засега нема информации и за состојбата на возачот, односно дали има повредени лица.
