Властите ги повикаа жителите да ги затворат училиштата на островот, но и на околните острови Анафи, Иос и Аморгос, да избегнуваат напуштени згради, да не се собираат масовно во затворени простори и да не патуваат по патишта каде што е веројатно дека би се случиле одрони. Се препорачува да се избегнуваат пристаништата Амуди и Фира
Повеќе од 200 земјотреси се регистрирани во областа околу грчкиот остров Санторини во изминатите 48 часа.
Серијата земјотреси се со магнитуда од околу четири степени според Рихтеровата скала. Најсилниот е со јачина од 4,7 степени.
Зголемената сеизмичка активност предизвика загриженост кај властите, што го натера грчкиот премиер Киријакос Мицотакис вчера да одржи состанок со претставници на надлежните служби.
Властите ги повикаа жителите да ги затворат училиштата на островот, но и на околните острови Анафи, Иос и Аморгос, да избегнуваат напуштени згради, да не се собираат масовно во затворени простори и да не патуваат по патишта каде што е веројатно дека би се случиле одрони. Се препорачува и бродовите да ги избегнуваат пристаништата Амуди и Фира.
Спасувачки тимови и лекари со амбулантни возила и опрема се испратени на островите Санторини, Иос и Аморгос, а на Санторини ќе биде формиран оперативен центар за справување со евентуална вонредна ситуација.
Многу жители на Санторини се обидуваат да го напуштат островот.
Вулканологот и истражувач на Службата за геолошки и рударски истражувања, Јоргос Вугиукалакис, вели дека епицентрите на земјотресите главно биле на Анхидроус, ненаселен остров во близина на Санторини. Една од важните мерки препорачани од експертите е евакуација на басенот Калдера бидејќи, како што рече, движењето на водата во случај на силен земјотрес може да ги оштети објектите и да го зголеми ризикот од уривање.
Тој додава дека најлошото сценарио што го испитуваат научниците е земјотрес со јачина од шест степени, но посочи дека пресметките покажуваат дека тоа не треба да се случи.