Списокот на најголемите должници го предводи „Окитна трејд“ од Визбегово, која должи 10,6 милиони евра по основ на ДДВ
Вкупно 1.815 компании се најдоа на листата должници на државата за неплатен ДДВ, персоналец, данок на добивка, придонеси од задолжително социјално осигурување, царини и акцизи, објавена на веб-страната на Управата за јавни приходи.

На листата на должници, се нашле фирми и граѓани, кои заклучно со 31 октомври не ги намириле долговите достасани на 31 јули.
Списокот на најголемите должници го предводи „Окитна трејд“ од Визбегово, која должи 10,6 милиони евра по основ на ДДВ.

Втора е „СГСМ Оил гас сервис“, подржник во Скопје, која должи над 3,5 милиони евра, а трето е Јавното претпријатие за комунални дејности Гостивар, кое должи околу 2,3 милиони евра.
Следува „Дивелоп груп ДОО Скопје“ со долг од нешто над два милиони евра за ДДВ и данок на добивка.
Меѓу другите најголеми должници се „Мил-Давит ДОО Скопје“, „Хотел Гранд ДООЕЛ Скопје“, „Абира плус“ ДООЕЛ, со седиште во Куманово, должи два милиона евра, „Спектра Јеотек“, , „Блек си метал трејдинг“ од Скопје и Центарот за култура од Тетово, „Иљо Антески Смок“.
На списокот на должници се објавени 1 815 должници правни лица на кој има 32 правни лица повеќе од претходната и 3 683 физички лица што е за 54 повеќе од претходниот список.
Вкупно објавениот нето-долг во листата на УЈП изнесува 147,4 милиони евра, а долгот во однос на претходната листа е зголемен за околу 14 милиони евра.