Вкупниот број на пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19, кои се лекуваат во ковид-центрите во Скопје и во болниците во внатрешноста, достигна 1 335 лица, покажуваат денешните статистики на Министерството за здравство.
Оттаму информираат дека на располагање во моментов се уште 140 кревети, но уверуваат дека слободни места има, бидејќи истовремено се прават и исписи на излекувани пациенти, па очекуваат да се ослободат дополнителни легла.
Од оние што се хоспитализирани 489 пациенти се сместени во Скопје, а 846 лица се лекуваат во болниците во внатрешноста.
Во моментов на Кожната клиника во ковид-центарот се лекуваат 25 пациенти, на Клиниката за неврологија 35 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 47 пациенти со симптоми на коронавирусот, на Клиниката за гастроентерохепатологија се лекуваат вкупно 25 лица, во ковид-центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 24 пациенти, а на Клиниката за очни болести 23 пациенти. Во ковид-центарот на Клиниката за уво, нос и грло има 25 пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 106 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 153 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца во Козле има 26 пациенти, од кои 7 деца и 19 возрасни.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 77 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 58 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 47 пациенти, во Велес се лекуваат 63 болни, а во Куманово 117 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 95 пациенти, во Прилеп 128, во ковид-центарот во Гостивар 73, а во Струга 34 болни. Во болницата во Струмица 66 пациенти, во Кочани 18, во Кичево 21, Кавадарци 36, а во Гевгелија 13 лица позитивни на коронавирусот.
Од Министерството за здравство велат се во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба капацитетите на ковид-одделенијата ќе бидат дополнително проширени.