Само од 25 август досега, вирусот е е дијагностициран кај 481 студент
Од почетокот на пандемијата на ковид-19, повеќе од 1.200 студенти на Универзитетот во Алабама се заразени со коронавирусот.
Само од 25 август досега, ковид-19 е дијагностициран кај 481 студент.
Учебната година почна на 19 август, потсетува Би-Би-Си.
Водечкиот американски епидемиолог, Ентони Фаучи, предупреди дека отворањето на училиштата може да има катастрофални последици.Тој рече дека за да се отворат училиштата, „заедниците треба да ја задржат стапката на инфекција под 10 проценти“, и дека мерењето на температурата не е сигурен начин за преглед.