Резолуцијата усвоена синоќа, ги охрабрува 193-те земји-членки на ООН да организираат активности за информирање и подигнување на јавната свест „со цел да се укаже на важноста од спречување на епидемии, подготовка и склучување партнерства за справување со нив“
Генералното собрание на ООН донесе резолуција со која 27 декември е прогласен за Меѓународен ден на подготвеност за епидемии.
Овој чекор е во услови кога пандемијата од ковид-19 ги покажа сие слабости на глобалната подготвеност во оваа област.
Резолуцијата која е усвоена синоќа, ги повикува сите земји-членки на ООН и субјектите и другите светски, регионални, подрегионални организации, приватниот сектор и граѓанското општество секоја година да го одбележуваат Меѓународниот ден за подготвеност за епидемии.
Текстот ги охрабрува 193-те земји-членки на ООН да организираат активности за информирање и подигнување на јавната свест „со цел да се укаже на важноста од спречување на епидемии, подготовка и склучување партнерства за справување со нив“.
Светската здравствена организација исто така, ги повикува САД да учествуваат во одбележувањето на овој меѓународен ден, од каде дојда и најголемите критики за начинот на кој се управува со активностите за справување со пандемијата и нејзината нетранспарентност.
Необврзувачката резолуција беше заеднички предложена од Камбоџа, Канада, Шпанија, Палестина, Екваторијална Гвинеја, Никарагва, Нигер, Катар, Јужна Кореја, Сент Винсент и Гренадини, Сенегал, Сингапур, Таџикистан и Виетнам.
Од крајот на декември, повеќе од 1,53 милиони луѓе починаа во пандемијата од ковид-19, според билансот на СЗО, а околу 68 милиони случаи на инфекција се официјално потврдени, додека над 42,6 милиони луѓе се излекувани.
Во светот во моментот активни случаи има 19 362 465, од кои 106 142 се во сериозна или критична сосотјба односно 0,5 отсто.
САД и понатаму се на прво место по бројот назаразени и починати лица, со 15 370 339 случаи и 290 474 смртни случаи.
На второ место по бројот на заразени е Индија со 9 703 908 потврдени случаи, а на трето место е Бразил со 6 628 065 инфицирани лица. Во Индија од последици од новиот коронавирус починаа 140 994 луѓе, а во Бразил регистрирани се 177 388 смртни случаи.
На четврто местоо бројот на заразени е Русија со 2,5 милиони случаи, а на петто место е Франција со над 2,2 милиони инфицирани луѓе.
