Eкипите кои вршеа претрага се повлекоа поради немање минимум соодветни услови за претрага во ноќни услови

Потрагата по исчезнатото 16-годишно дете во реката Вардар е привремено прекината поради лоши услови за претрага во текот на ноќта.
„Дежурниот оперативен центар на ЦУК е известен дека екипите кои вршеа претрага ќе се повлечат поради немање минимум соодветни услови за претрага во ноќни услови. Утре рано наутро, екипите во взаемна меѓусебна координација ќе продолжат со потрагата“,
информираа од Центарот за управување со кризи.
Инцидентот бил пријавен попладнево во СВР Велес – две лица, едно на возраст од 16, а другото од 26 години, потонале во водите на Вардар кај селото Уланци, општина Градско.
По пристигнување на местото, 26-годишната девојка е пронајдена жива, а по 16-годишното дете сè уште се трага, соопштија и од СВР Велес.