Таа вели оти дека денешниот настан е доказ оти младите спортисти немаат ниту минимум безбедност
Потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова, преку објава на социјалните мрежи најостро го осуди денешниот инцидент на стадионот „Бело Брдо“ во Штип, каде што за време на младински фудбалски натпревар од страна на родител на фудбалскиот тим „Шкупи“ беа нападнати малолетни фудбалери на фудбалскиот тим „Брегалница“. Според неа, ваквите настани се доказ за колапсот на системот за безбедност под директно раководство на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
„Додека Панче Тошковски му тера кампања на Орце Ѓоргиевски, на нас штипјани денеска децата ни ги сокршија од ќотек на стадионот Бело Брдо. Нов ден, нов крах на безбедноста под водство на најнеспособниот министер за внатрешни работи во историјата на самостојна Македонија,“
напиша Костова.
Дополнително, таа вели и оти децата што играле на натпреварот меѓу младинските екипи на „Брегалница“ и „Шкупи“ биле оставени без никаква заштита, што пак покажува целосен системски пад на институциите.
„Најостра осуда за денешниот инцидент! Додека Тошковски се слика, младите спортисти немаат минимум безбедност, ниту можност за непречено спроведување на обичен фудбалски натпревар,“
вели потпретседателката на СДСМ.
порача таа.
Костова вели дека ниту едно од ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ и нивниот лидер, премиерот Христијан Мицкоски за подобрување на безбедноста не е исполнето, и рече дека со ваквата партизирана полиција која е водена единствено за остварување на тесните интереси на неколку членови на партијата и нивни соработници од подземјето, безбедноста ја нема во македонската реалност. Токму затоа, вели, оставката на министерот за внатрешни работи е нешто што тој најмалку може да го направи по сите овие случувања.
Претходно, од Министерството за внатрешни работи соопштија дека 43-годишен родител на фудбалер од скопскиот фудбалски тим „Шкупи“ физички нападнал и повредил два малолетни фудбалери на „Брегалница“ за време на одигурвање на фудбалски натпревар помеѓу младинските екипи на двата тима одигран на игралиштето „Бело Брдо“ во Штип. Оттаму велат дека двајцата малолетници биле пренесени во Клиничката болница во Штип за укажување помош, а веднаш по нападот, напаѓачот бил уапсен од полициски службеници од СВР Штип.