Во време кога Лабуристите се критикувани дека премногу се оддалечуваат од своите левичарски корени, загубата на Рејнер е особено штетна бидејќи таа потекнува од работничко потекло и беше мост помеѓу левиот и централно-десниот дел од партијата
Потпретседателката на британската влада Ангела Рејнер, денеска поднесе оставка откако призна дека платила помалку данок за нејзиниот нов дом, што е нов удар за лабуристичкиот премиер Кир Стармер.

Рејнер е осмиот висок функционер кој ја напушта владата на Стармер. Лабуристичкиот премиер претходно ѝ даде целосна поддршка кога беше обвинета за намерно избегнување на плаќање на целосен данок.
„Длабоко жалам за мојата одлука да не побарам дополнителен даночен совет. Преземам целосна одговорност за оваа грешка“,
напиша 45-годишната вицепремиерка во писмо до својот шеф.
Стармер одговори дека жали што нејзиниот мандат завршил на овој начин, но нагласи дека донела правилна одлука.
Во време кога Лабуристите се критикувани дека премногу се оддалечуваат од своите левичарски корени, загубата на Рејнер е особено штетна бидејќи таа потекнува од работничко потекло и беше мост помеѓу левиот и централно-десниот дел од партијата.
Некои аналитичари веруваа дека таа е потенцијален наследник на Стармер.
Рејнер основа фонд за еден од нејзините синови со попреченост, а потоа го продаде својот дел од семејната куќа на северот од Англија на фондот за да купи стан, верувајќи дека тоа ќе ја спаси од плаќање повисока стапка на данок на друг имот.