Потписници на Декларацијата со која секое министерство се обврзува да се грижи за зголемување на безбедноста на децата, се министрите за внатрешни работи, Оливер Спасовски, за образование и наука, Јетон Шаќири, за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, за транспорт и врски Благој Бочварски и за локална самоуправа, Горан Милевски

Денеска во рамки на манифестацијата „Безбедни деца – безбедна иднина“ која се одржа по повод 60 години постоење на Републичкиот Совет за безбедност на сообраќајот на патишта (РСБСП), беше потпишана Декларација за безбедност на децата во сообраќајот.
Како што соопшти РСБСП, потписници на Декларацијата со која секое министерство се обврзува да се грижи за зголемување на безбедноста на децата, се министрите за внатрешни работи, Оливер Спасовски, за образование и наука, Јетон Шаќири, за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, за транспорт и врски Благој Бочварски и за локална самоуправа, Горан Милевски.
По потпишувањето на Декларацијата, воведно излагање имаше претседателката на РСБСП, Гордана Кожуваровска, а свои презентации имаа и гостите од регионот: Милија Радовиќ од АБСРС од Република Српска, Диана Русинова од ЕЗТП од Република Бугарија, Синан Алиспахиќ од ХАК од Република Хрватска и Снежана Ристеска од АСУЦ од Северна Македонија.
„Презентацијата на трудовите ги опфати темите: Децата – најранлива категорија учесници во сообраќајот, безбедно превезување на деца со моторно возило, најчести причини за сообраќајни незгоди во кои има повредени или загинати деца, начини за намалување на бројот на сообраќајни незгоди во кои има повредени или загинати деца, децата како пешаци во сообраќајот, училишни сообраќајни единици – искуства и придобивки, алтернативен сообраќај – вело сообраќај за деца“,
информираат од РСБСП.