Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, во обраќањето пред европратениците на почетокот на дебатата за годишните извештаи за напредокот за земјите од Западниот Балкан пред два дена, изрази надеж дека сѐ уште е можно првата меѓувладина конференција со Северна Македонија да се одржи пред 1 јули
Состојбата на постојано одложување на почетокот на преговорите е неодржлива и за регионот и за кредибилитетот на процесот на проширување и за ЕУ, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.
„Имајќи ги предвид сите аргументи оти Република Северна Македонија ги испорача сите критериуми, дури и ги надмина критериумите за почеток на преговорите, треба да ги почнеме преговорите во услови кога 35 проценти од европското законодавство е дел од нашето законодавство“,
истакна Османи на прес-конференција по тематскиот работен состанок со шефовите на македонските дипломатско-конзуларни претсавништва акредитирани во земјите членки на ЕУ и постојаните претставништва во Унијата и НАТО.

Тој нагласи дека земјава влегува во старт на преговорите со една третина усогласеност со европското законодавство и со исполнети политички и економски критериуми, кои ги надминуваат условите за почеток на преговорите.
„Се направија сите потребни реформски решенија и се затворија сите политички прашања кои стоеја како пречка на патот. Мислам дека овие аргументи и разговорите со бугарската Влада ќе достават доволно предуслови преговорите да почнат веднаш, а Договорот за добрососедство секако е дел од обврските на државата“,
додаде Османи.
Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, во обраќањето пред европратениците на почетокот на дебатата за годишните извештаи за напредокот за земјите од Западниот Балкан пред два дена, изрази надеж дека сѐ уште е можно првата меѓувладина конференција со Северна Македонија да се одржи за време на португалското претседателство со ЕУ, односно пред 1 јули.
Но, иако ги пофали извептаите, за нашата земја рече дека има уште многу работа во делот на реформите.