На 31.3.2023 година, „Флагелум“ – Здружението за едукација, еднакви можности, лобирање и застапување на лицата со посебни потреби од Скопје, ги заврши проектните активности на проектот „Трансформираме и учествуваме“ кои ги реализиравме со голема посветеност и ентузијазам. Проектот беше финансиран од Европска Унија во рамки на Платформата за инвестиции во заедницата и се спроведуваше од Фондацијата за образование и развој „Албиз“, во партнерство со ЦСД – Центар за одржлив развој на заедницата, Центар за истражување и анализи НОВУС и здружението „Мултикултура“.

Општата цел на проектот беше развој и унапредување на социјалното претприемништво, вклучување и пристап на ранливите категории и подобрување на условите на пазарот на труд, преку организирани професионални обуки за професионална шминка, депилација и козметичар кај жени од ранлива категорија, кои живеат на територија на Град Скопје. Специфичните цели се однесуваа на:
1. Зголемена мотивација за инвестирање во своите вештини за подобрување на животот
2. Развиени вештини за шминка, козметика или депилација како опции за вработување кај младите жени
3. Подобрени знаења за меки вештини потребни во процесот на аплицирање за вработување
Проектните активности беа во форма на организирани обуки со теоретски и практичен дел, кои беа реализирани од сертифицирани едукатори од областа на шминкерството и козметиката.
Како резултат од активностите на проектот успеавме:
- Да ја зајакнеме соработката помеѓу засегнатите страни во функција на подигнување на свеста за значењето на професионалните вештини кај жените од ранлива категорија и развој на социјалното претприемништво;
- Трансформиравме знаења, стручно и професионално обучивме жени во областа на шминкерство; и козметиката
- Ги сертифициравме со долготрајна вредност на нивните професионални знаења,
Овој проект ги унапреди капацитетите и економската инклузија во заедницата, придонесе за зголемување на инклузивноста на пазарот на трудот, разви одговорен однос кон вработувањето и самовработувањето и го подигна претприемачкиот дух кај жените од ранлива категорија. По реализацијата на проектот „Трансформираме и учествуваме“, здружението „Флагелум“ го вметнува социјалното претприемништво во својот стратегиски план за работа и ќе работи кон негова афирмација и унапредување, изјави проектниот координатор Магдалена Китановска.