Постигнат договор за повеќегодишниот заеднички буџет на земјите-членки на ЕУ и пакетот за закрепнување од ковид-кризата, потврди претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.
Мишел, кој претседава со состанокот на лидерите на 27-те земји членки на ЕУ во Брисел, на својот профил на Твитер напиша дека сега може да почне спроведувањето на буџетот и да се работи на закрепнувањето на европските економии.

Унгарија и Полска претходно го блокираа буџетот на ЕУ за следните седум години и пакетот за обнова, вреден вкупно 1,825 милијарди евра, заради спротивставувањето кон новиот механизам што бара буџетско финансирање со почитување на владеењето на правото во земјите-членки.
Германија, како претседател на Советот на ЕУ, на овој состанок претстави компромисен предлог што гарантира правична примена на механизмот.
На денешниот самит, повеќето лидери, вклучително и унгарскиот премиер Виктор Орбан, изразија очекување дека ќе постигнат договор за механизам за следење на владеењето на правото, и со тоа да се деблокира важниот буџет за закрепнување на ЕУ од ефектите на пандемијата.