„Работниците до 1 мај очекуваат приоритет на постапката од страна на Врховниот суд и нова пресуда која ќе значи или враќање на предметот на повторно одлучување пред пониските судови, пред првостепениот и Апелацискиот суд, или укинување на пресудата на Врховниот суд и на таков начин враќање на Работничкиот дом на работниците“, рече Трендафилов

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) очекува дека до 1 мај постапката за Работничкиот дом ќе добие приоритет во Врховниот суд. Барањето на ССМ е поради тоа што Основниот граѓански суд Скопје донел решение со кое ќе се повтори постапката за Работничкиот дом кој со одлука на Врховниот суд треба да му биде одземен на Сојузот на синдикати на Македонија.
„Работниците до 1 мај очекуваат приоритет на постапката од страна на Врховниот суд и нова пресуда која ќе значи или враќање на предметот на повторно одлучување пред пониските судови, пред првостепениот и Апелациониот суд, или укинување на пресудата на Врховниот суд и на таков начин враќање на Работничкиот дом на работниците“,
рече претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, на денешната прес-конференција.
Трендафилов рече дека очекуваат правилна, законита пресуда во интерес на работниците и на Работничкиот дом. Тој ја повика и претседателката на Врховниот суд и ја охрабри да дозволи приоритет на прашањето и разгледувањето на предметот.
„Совесните судијки Анета Бошковска и Јелица Крстевска од Врховниот суд, кои имале издвоени мислења во постапката уште при носењето на пресудата на Врховниот суд, исто така ја враќаат довербата во судството и се надеваме дека ваквиот пример ќе го следат и тројцата судии кои ја донесоа пресудата на штета на работниците“,
рече тој.
Според него, судството мора да биде на нивото на задачата, да ги почитува законите, одлуките на Уставниот суд. Во спротивно, додаде Трендафилов, мерките како ССМ и постапката која ќе ја водиме пред Судот во Стразбур, ќе значи срам за државата и политичките чинители.
Сојузот на синдикатите на Македонија веднаш по добивањето на пресудата од Врховниот суд побара оставки од судиите Шпенд Деваја, Наке Георгиев, Исамедин Лимани од Врховниот суд, кои ја донеле пресудата.
На почетокот на овој месец, Сојузот на синдикатите на Македонија одржа протест пред Врховниот суд, со кој го изразија револтот против пресудата на Врховниот суд за одземање на зградата на Работничкиот дом.