Во последните седум дена на подрачјето на Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) Охрид потврдени се 115 нови случаи во ковид-19. Од нив, најмногу се во Струга – 52, во Охрид се 50, а во Дебар 13.
Ова се податоците од седмичниот билтен (од 27 јуни до 3 јули) на ЦЈЗ – Охрид, кој ги покрива општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа.
Новите случаи се детектирани од 280 направени тестирања.
Во моментов во Охрид се активни 161 случај, во Струга 148, а во Дебар 51.
Изминатата седум дена се регистрирани и седум смртни случаи поврзани со ковид-19 од кои едно од Охрид и шест лица од општина Струга.

