Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека во изминатите 24 часа се регистрирани најголем број на нови случаи со ковид-19 од почетокот на пандемијата. Во изминатото деноноќие, соопштија, откриени се 106 000 случаи.
Од СЗО изразија загриженост бидејќи во пораст е бројот на случаи со коронавирус во сиромашните земји, што доаѓа откако богатите почнаа да излегуваат од кризата и да ги олабавуваат рестрикциите.
„Пред нас сè уште имаме долг пат за одење во оваа пандемија. Ние сме многу загрижени за зголемување на случаите во земјите со ниски и средни пригоди“,
изјавил генералниот директор на СЗО, Тедрос Адамос Гебрејесус, пренесува „Ројтерс“.
Шефот на програмата за итни случаи на СЗО, Мајк Рајан, пак, на прес-конференцијата предупредил дека наскоро бројот на случаи со ковид-19 ќе достигне и 5 милиони.
Според статистичкиот веб-сајт „Ворлдометар“, пак, кој е еден од оние каде најбргу се ажурираат информациите, бројката на потврдени случаи од почетокот на пандемијата изминатите неколку часа веќе надмина 5 милиони.

До овој момент се регистрирани точно 5 036 815 заразени. Бројот на смртни случаи на глобално ниво изнесува 326 251, а на излекувани 1 990 057.