Во Киев сила е полициски час кој започнува од 20 часот и трае до 7 часот наутро и тој ќе остане на сила вечерва. Полицискиот час кој сега е откажан, пак, беше најавен дека ќе трае во текот на целиот ден во неделата
Три силни експлозии попладнево се слушнати кај украинскиот град Лавов во западниот дел од земјата, јави Би-би-си, најавувајќи дека повеќе детали ќе објави во наредниот период.
Медиумот објави и фотографија на која се гледа како се издигаат облаци од црн чад од местото каде се слушнати експлозии.
Во главниот град Киев, пак, требаше да има полициски час кој ќе започне вечерва и ќе трае до понеделникот наутро, но градоначалникот Виталиј Кличко на Телеграм објави дека полицискиот час е откажан.
Тој не наведе повеќе причини за одлуката, сепак, да нема полициски час освен тоа дека добил нови информации од воената команда.
Во Киев сила е полициски час кој започнува од 20 часот и трае до 7 часот наутро и тој ќе остане на сила вечерва. Полицискиот час кој сега е откажан, пак, беше најавен дека ќе трае во текот на целиот ден во неделата.
Во однос на последните случувања во Украина, меѓу последните вести денеска е и тоа што руските сили ја презедоа контролата врз Славутич, градот во кој живеат работници во неактивната нуклеарна централа Чернобил. Локалните жители, пак, организираа протести на кои вееја украински знамиња и пееја патриотски песни.
Претходно во текот на денот украинското Министерство за одбрана објави дека го убиле генерал-полковник на руската армија Јаков Резанцев во напад во близина на јужниот град Херсон. Резанцев беше командант на руската 49-та комбинирана армија.
Според медиумските извештаи, тој е седмиот генерал на руската армија кој загинал во Украина, а втор генерал-полковник.
Кога станува збор, пак, за рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, за кого се пишуваше дека две недели не се појавил во јавноста, денеска руските ТВ станици објавија видео од него како разговара со високи генерали во руската војска.
Photo: EPA-EFE/NUNO VEIGA