Не можам да кажам дека сме сосема задоволни од одѕивот, затоа што нашите очекувања се да се зголеми процентот на нововакцинирани, а со тоа да се почувствуваме и побезбедни за справување со ковид-19, изјави неделава министерот за здравство, одговарајќи на новинарко прашање
Според податоците од Институтот за јавно здравје, речиси 41,2 проценти од вкупното население во земјава е вакцинирано со две дози од антиковид вакцината, а со помош на караванот пријавено е зголемување од над 11 отсто во просечниот дневен број на вакцинирани лица
Денеска е последен ден од караванот за вакцинација против коронавирусот во земјава. Караванот ќе заврши во Струга, по посетени 14 градски и рурални подрачја низ целата држава.
Освен можноста да се прими вакцина против вирусот, медицинските екипи, Црвениот крст и студенти од медицински здруженија презентират веродостојни информации за вакцинацијата и придобивките од неа, како и за ризиците од одложување на вакцинирањето.
Караванот за промоција на вакцинацијата како безбедна имунизација започна на 21 март во Шуто Оризари, а ќе заврши денеска во Струга, каде од 11 до 15 часот на новото шеталиште граѓаните ќе можат да се имунизираат против коронавирусот.
„Не можам да кажам дека сме сосема задоволни од одѕивот, затоа што нашите очекувања се да се зголеми процентот на нововакцинирани, а со тоа да се почувствуваме и побезбедни за справување со ковид-19. Се уште не е завршен карванот за да кажеме колку проценти е зголемен одѕивот, меѓутоа минимално е зголемен“,
изјави министерот за здравство Беким Сали одговарајќи на новинарско прашање за карванот неделава.
Според податоците од Институтот за јавно здравје, речиси 41,2 проценти од вкупното население во земјава е вакцинирано со две дози од антиковид вакцината, а со помош на караванот пријавено е зголемување од над 11 отсто во просечниот дневен број на вакцинирани лица.
