Словенечката претседателката на парламентот попладнево со високи државни и воени почести ќе биде пречекана од претседателот на македонското Собрание Африм Гаши. Потоа, двајцата ќе одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува средба на двете делегации
Од денеска до петок во официјална посета на Северна Македонија ќе присуствува Уршка Клакочар Зупанчиќ, претседател на Државниот збор на Словенија, поради што во Скопје ќе има посебен сообраќаен режим.
„Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на подрачјето на град Скопје“,
информираат од МВР.
Оттаму додаваат дека СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници.
Словенечката претседателката на парламентот попладнево со високи државни и воени почести ќе биде пречекана од претседателот на македонското Собрание Африм Гаши. Потоа, двајцата ќе одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува средба на двете делегации.

Како што најавуваат од собраниската прес-служба, по потпишувањето на Клакочар Зупанчиќ во Книгата на впечатоци, претседателите на двата парламента ќе дадат изјави за медиумите.
Претседателка на Државниот збор на Словенија, утре во Собранието ќе има средба со претседателот на собраниската Комисија за европски прашања Антонијо Милошоски и со членовите на групата, а генералната секретарка на Собранието Марина Димовска ќе оствари средба со генералната секретарка на словенечкиот Државен збор, Уршула Зоре Тавчар.
За време на официјалната посета, Клакочар Зупанчиќ ќе биде примена и од претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова и од премиерот Христијан Мицкоски.