Од МВР информираат дека протестот на ССМ е најавен пред зградата на Собранието, на улиците „11 Октомври“ и „Даме Груев“, а доколку се појави потреба од пренасочување, сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници
Поради најавениот протест на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), чиј почеток е закажан за 9 часот утринава, во центарот на Скопје ќе важи посебен сообраќаен режим.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР), протестот на ССМ е најавен пред зградата на Собранието, на улиците „11 Октомври“ и „Даме Груев“, а доколку се појави потреба од пренасочување, сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници.
„Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје“,
велат од МВР и апелираат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите од полициските службеници.
Сојузот на синдикатите на Македонија најави дека утринава ќе го блокира пристапот до Собранието со што ќе почне блокади на институции кои, како што рекоа од синдикатот, го кочат зголемувањето на минималната плата.
