Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираат дека доколку има потреба, сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници, а Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе спроведе мерки за непречено движење

Поради најавен протест на група граѓани, денеска од 12 часот на улицата „11 Октомври“, пред Собранието, ќе има посебен сообраќаен режим.
Протестот се организира како израз на незадоволство од постапките на Управата за јавни приходи (УЈП) во врска со оданочувањето на приходите остварени во странство.
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираат дека доколку има потреба, сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници, а Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе спроведе мерки за непречено движење.
Се апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.
