Ограничување на собирите до пет лица, и максимум до 50 лица на свадби и крштевки, забрана на универзитетските забави се дел од новите рестрикции кои од утре ги воведува Португалија, како мерка за спречување на растот на новозаразените со коронавирус.
Исто така, паралелно со ограничувањата, се зголемуваат и казните за нивно непочитување, и тоа од 5 000 евра на 10 000.
„Знам многу луѓе кои се уморни од рестриктивните мерки. Но, јас исто така познавам многу луѓе, особено млади луѓе, кои имаат заблуда дека ковид-19 е помалку опасен за нив. Тоа е заблуда. Ковид-19 носи ризик за секого, но што е што е уште поважно, носи и висок ризик од пренесување“,
изјави денеска португалскиот премиер Антонио Кошта, образложувајќи ги мерите.
Кошта ќе му предложи на парламентот маските да бидат задолжителни на улиците каде што има голем проток на луѓе, како и да се користи апликацијата „Биди што подалеку од ковид-19“, која „следи“ некои државни службеници.