Кира Јармич (31) е обвинета за учество во организирање собири за поддршка на Навални во јануари, во време на пандемија, кога тој беше уапсен по неговото враќање од Германија во Русија
Портпаролката на рускиот опозиционер, Алексеј Навални, Кира Јармич, е осудена на една и пол година ограничено движење за организирање протести за време на епидемија.
Кира Јармич (31) е обвинета за учество во организирање собири за поддршка на Навални во јануари, кога тој беше уапсен по неговото враќање од Германија во Русија.

Тимот на Навални објави на Твитер дека Јармич е прогласен за виновен за „поттикнување прекршување на мерките против коронавирусот“.
Таа е во домашен притвор од февруари, и според одлуката на судот, следната година и половина ќе и биде забрането да ја напушта Москва или да учествува на јавни настани.
Навални (45) минатата година се лечеше од труење со нервни агенси во Германија и беше уапсен во јануари, откако се врати во Русија. Тој во моментов издржува затворска казна од две и пол години.