Имињата на тројцата портпароли на ВМРО-ДПМНЕ се наоѓаат во предлог-одлуките за именување членови на управни и надзорни одбори на јавни претпријатија во Скопје, за кои Советот ќе расправа на седница закажана пред новогодишните празници, на 29 декември (среда)
И името на актерката Јелена Жугиќ е на на една ваква листа – предлог за член на УО на Младинскиот културен центар
Димче Арсовски и Марија Митева за ЈП„ Водовод и канализација“-Скопје, а Наум Стоилковски за ЈСП „Скопје“.
Имињата на тројцата портпароли на ВМРО-ДПМНЕ се наоѓаат во предлог-одлуките за именување членови на управни и надзорни одбори на јавни претпријатија во Скопје, за кои Советот ќе расправа на седница закажана пред новогодишните празници, на 29 декември (среда).
Според предлог-одлуките, Арсовски и Митева се наоѓаат на листата од 12 члена за Управниот одбор на ЈП „Водовод и канализација“-Скопје.
Наум Стоилковски е предложен за член на управниот одбор на ЈСП „Скопје“, како еден од 11-те на листата.
И името на актерката Јелена Жугиќ е на на еден ваков список – предлог за член на УО на Младинскиот културен центар.
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, од преземањето на функцијата досега назначи нови директори во неколку градски јавни претпријатија, и тоа: Иван Илиевски за в.д. директор на ЈСП „Скопје“, Кристијан Стаменов за в.д. директор на ЗОО Скопје, Јане Мицевски на депонијата „Дрисла“, Борис Настов за в.д. директор на ЈП „Улици и патишта“-Скопје и Воислав Димитровски на ЈП „Лајка“.