Министерството за здравство денеска соопшти дека согласно Уредбата со законска сила, породилното отсуство на оние на кои во мешувреме им завршило, продолжува да важи до завршување на времените мерки за справување со вирусот ковид-19.
„Секоја работничка на која и завршило отсуството од работа поради бременост, раѓање или посвојување по прогласување на вонредната состојба има право да продолжи да го користи породилното отсуство до завршување на времените мерки, а надоместокот на плата продолжува да се исплаќа сè до истекот на траењето на времените мерки и истото не е поврзано со вонредната состојба“,
се вели во соопштението.
