Со вечерашниот пораз, избраниците на селекторот Гоце Седлоски не успеаја да изборат финале во баражот за светското првенство
Со четири примени голови на гостински терен, македонската фудбалска репрезентација претрпе убедлив пораз од Данска на стадионот „Паркен“ во Копенхаген, во полуфиналниот бараж за Светското првенство.
По одличното прво полувреме, во кое голманот Столе Димитриевски имаше неколку интервенции и не дозволи топката да ја погоди мрежата, пресвртот дојде на почетокот на второто полувреме кога за десетина минути Данците дадоа три гола.

Грешката на одбраната на македонската одбрана во 49. минута со гол ја казни Микел Дамсгард. Набрзо потоа македонскиот тим преку Барди имаше удар крај голот. Но, две минути подоцна на асистенција на Дамсгард, Густав Исаксен зголеми на 2:0. Истиот фудбалер во следната минута по вторпат се запиша во листата на стрелците за 3:0 за Данска.
Последниот гол, за конечни 4-0, беше постигнат во 75. минута од натпреварот кога по корнерот на Ериксен, Кристијан Норгард го постигна решавачкиот гол.

Со вечерашниот пораз, избраниците на селекторот Гоце Седлоски не успеаја да изборат финале во баражот за СП 2026.
Во финалето од баражот за пласман на СП 2026 Данска ќе игра со победникот од дуелот меѓу Чешка и Република Ирска на 31 март на гостински терен.
