Во последните 24 часа во Бугарија се регистрирани 81 новозаразени со коронавирусот, од извршени 2 371 тестови, објави Националниот информативен центар.
Во истиот период има 67 излекувани пациенти.
Во Бугарија до сега има вкупно 3 755 случаи на новиот коронавирус од почетокот на пандемијата, од кои 2 008 се излекувале, а 193 луѓе починале.
Според Националниот информативен систем заразата е потврдена кај 341 медицински работници од кои осум се регистрирани во изминатото деноноќие.
