Кога новинарот на „Исланд монитор“ го сретнал во Алманаѓа, Јоханесон штотуку завршил со водењето на група деца од основно училиште и нивните наставници. Поминале околу 45 минути од турата пред еден Исланѓанец да го препознае и да го праша што прави. Повеќето туристи дури и не сфатиле дека ги води поранешниот претседател
Поранешниот исландски претседател Гудни Јоханесон прифатил летна работа како водич во Националниот парк „Тингвелир“, објавува „Исланд монитор“.

Јоханесон беше најмладиот претседател во историјата на Исланд, а неговиот мандат заврши минатата година.
„Бев воодушевен што бев на ова прекрасно место, што бев надвор и што запознав луѓе. Затоа сум тука“,
изјави поранешниот претседател за „Исланд монитор“.
Кога новинарот на „Исланд монитор“ го сретнал во Алманаѓа, Јоханесон штотуку завршил со водењето на група деца од основно училиште и нивните наставници. Поминале околу 45 минути од турата пред еден Исланѓанец да го препознае и да го праша што прави. Повеќето туристи дури и не сфатиле дека ги води поранешниот претседател.
Јоханесон раскажал како се родила идејата да работи како туристички водич:
„Бев тука во Тингвелир на 17 јуни 2024 година. Разговарајќи со Еинар А. Е. Семундсен, чуварот на паркот, за тоа што ме очекува следно, јас реков: ‘Не треба ли сега да барам работа?’. Тој рече: ‘Не ли би сакал да дојдеш тука?’“.
Покрај своите одговорности во Тингвелир, Јоханесон продолжува да работи како историчар и е асистент професор на Универзитетот во Исланд.
Јоханесон објаснува дека неговите задачи се разновидни.
„Одговарам на прашања во информативниот центар, водам групи од Хаки преку Алманаѓа до Аксарарфос и Флосаѓа, и сум достапен за сè друго.“
Поранешниот претседател ја гледа оваа улога како природно продолжение на неговата јавна служба – само во поинаква средина.
„Чест ми е да ја споделувам историјата на ова место и Исланд. Повеќето посетители немаат поим кој сум јас, а тоа е едноставно прекрасно. Навистина е убаво да се биде тука со одличен тим луѓе. Во Тингвелир работи елитен тим. Мислам дека паркот е развиен на начин што го почитува неговото достоинство, а воедно го прави достапен за посетителите. Со нетрпение очекувам да го поминам летото тука“,
рекол тој.