Саркози беше претседател од 2007 до 2012 година. И покрај низата судења и истраги поврзани со финансирањето на претседателската кампања, тој останува влијателна личност меѓу конзервативците. Тој е во пријателски односи и со актуелниот претседател Емануел Макрон
Поранешниот француски претседател Никола Саркози денеска пред Апелацискиот суд беше прогласен за виновен за незаконско финансирање на неговата кампања за реизбор во 2012 година потврдувајќи ја претходната одлука на понискиот суд.
Тој е осуден на една година затвор, од која половина е условна, што значи дека тој не би бил во затвор за тоа време, но најверојатно ќе мора да носи електронска нараквица.
Тој беше осуден на една година затвор во 2021 година, но таа казна беше поништена откако поднесе жалба.
Саркози беше претседател од 2007 до 2012 година. И покрај низата судења и истраги поврзани со финансирањето на претседателската кампања, тој останува влијателна личност меѓу конзервативците. Тој е во пријателски односи и со актуелниот претседател Емануел Макрон.
Саркози отсекогаш цврсто ги негирал обвинувањата дека неговата конзервативна Републиканска партија, тогаш позната како УМП (Сојуз за народното движење), соработувала со фирмата за односи со јавноста „Бигмалион“ за да ја прикрие вистинската цена на неговата изборна кампања обележана со раскошни настани, досега невидени во француската политика.
На суд тој ја префрли вината на некои членови на тимот што ја воделе неговата кампања.
„Не избрав ниту еден добавувач, не потпишав ниту една понуда ниту една фактура“,
тврдеше Саркози на сослушувањата.
Франција има строги правила за трошење за време на кампањата. Обвинителите тврдат дека Саркози за изборната кампања во 2012 година потрошил 42,8 милиони евра, речиси двојно повеќе од дозволеното.