Поранешниот француски премиер Франсоа Фијон денеска е прогласен за виновен затоа што ѝ исплатил на својата сопруга над еден милион евра јавни средства за „фиктивна работа“ и е осуден на пет години казна затвор.
Според пресудата, Фијон може три години од казната да ги служи преку општокорисна работа и треба да плати казна од 37 000 евра. Исто така, забрането му е да се кандидира на избори во период од 10 години.
Неговата сопруга Пенелопе доби тригодишна условна казна, парична казна од 375 000 евра и двегодишна забрана за кандидирање на избори.
Фијон е обвинет за фиктивно вработување на сопругата Пенелопе, што ѝ донело повеќе од еден милион евра. Тоа беше скандал поради кој му пропадна претседателската кампања во 2017 година.