Откако поднесе оставка како канцелар, Курц истакна дека целосно се повлекува од политиката и јавниот живот
Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц по оставката брзо најде нова функција поради која со семејството ќе се пресели во САД.
Според австриските медиуми, Курц потпишал договор со компанија која се занимава со инвестиции во Америка, пренесува нова.рс.
За време на канцеларската функција тој заработуваше 312 000 евра годишно, но сега има предвидувања дека на новото работно место ќе заработува многу поголема сума, а се очекува неговата плата да биде околу половина милион евра годишно.
Курц и неговата партнерка Сузана, со која неодамна го доби синот Константин, на почетокот на следната година ќе се преселат во САД.
Откако поднесе оставка како канцелар, Курц истакна дека целосно се повлекува од политиката и јавниот живот. Неговиот фокус во наредниот период ќе биде семејството, а сега се чини дека си најде друга, многу профитабилна занимање.
Иако Курц целосно и го сврте грбот на политиката, тој и понатаму одржува контакт со сопартијците кои го придружуваа на патот кон политичкиот врв, а многу е заинтересиран за актуелните политички настани.