Пред околу една година, Трамп ги отстрани Олбрајт и други експерти за национална безбедност од советодавниот комитет

Поранешната американска државна секретарка Медлин Олбрајт, на 84 години, положи заклетва како нова претседателка на Комитетот за одбранбена политика на САД, соопшти Пентагон.
Овој развој на настаните доаѓа речиси точно една година откако администрацијата на Трамп ги отстрани неа и другите експерти за национална безбедност од советодавниот комитет.
Олбрајт е првата претседателка на одборот откако министерот за одбрана Лојд Остин започна ревизија на советодавните комитети на Пентагон претходно оваа година.
На почетокот на февруари, Остин отпушти стотици членови на 42 одбори и комитети, вклучувајќи, според Си-ен-ен, контроверзни членови назначени за време на администрацијата на Трамп.