Неколку фабрики во Франција, Германија и САД треба да ги покријат потребите од овие вакцини за следната година
Комитетот за хумана медицина на ЕМА усвои препораки за зголемување на производствениот капацитет и снабдувањето со вакцини против ковид во ЕУ.
Комитет одобри дополнителен локлитет за производство на вакцината „комирнати“, развиена од „Фајзер/Бионтек“ што ќе се произведува на северот на Франција, во погон на фабриката „Делфарм“. Фармацевтската компанија ќе произведе 51 милиони дополнителни дози во 2021 година, се вели во соопштението на Европската медицинска агенција (ЕМА).
ЕМА, исто така, одобри нова производствена линија во фабриката „Бионтек“ во Марбург, Германија, каде што оваа година ќе бидат произведени 410 милиони дози.
Одобрени се и нови производствени локации за вакцината „Спајквакс“ развиена од Модерна, која ќе се произведува во Блумингтон, Индијана, во фабриката „Каталент“.
Комитетот на ЕМА, исто така, одобри дополнителни места за контрола / тестирање и пакување на финалниот производ.
До крајот на јули, комитетот веќе одобри зголемување на производството на две локации во Соединетите држави – на „Модерна“ во фабрика во Норвуд, Масачусетс и лабораторијата „Лонза биологија“ во Портсмут, Њу Хемпшир.
Вкупно, се проценува дека овие промени ќе овозможат производство на 40 милиони дополнителни дози вакцини за снабдување на пазарот на ЕУ во третиот квартал од 2021 година.