Поради зголемениот број на новозаразени лица со ковид-19, премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, одржа седница на владата на која беше разговарано за натамошните мерки.
Во соопштението од владата се наведува дека е донесена одлука за масовна контрола за почитување на мерките.
Бугарското Министерството за здравство на вонредна прес-конференција соопшти дека од утре е задолжително носењето маски во затворен простор, односно во продавници, во трговски центри, на спортски настани, како и во кина и театри.