Мандатот на Столтенберг истекува на 1 октомври, а тој треба да ја преземе улогата на гувернер на централната банка во Норвешка на крајот на 2022 година
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, е подготвен да прифати продолжување на мандатот на чело на Северноатлантската алијанса за уште една година поради војната во Украина, објави денеска норвешкиот јавен сервис ТВ 2 и дневниот весник „Дагенс Нерингслив“.
Мандатот на Столтенберг истекува на 1 октомври, а тој треба да ја преземе улогата на гувернер на централната банка во Норвешка на крајот на 2022 година.
Но, на прашањето дали може да остане во НАТО, Столтенберг вели дека таква одлука мора да донесат земјите членки на Алијансата.
Минатиот месец норвешката Влада ја назначи заменичката на централната банка, Ида Волден Бахе, за гувернер со мандат од девет месеци, а Столтенберг треба да ја преземе таа функција на крајот на 2022 година.