Два други авиони, пак, се пренасочени за слетување кон аеродромот во Приштина
Два авиони во моментов кружат над скопското небо и чекаат насоки за слетување.

Причината за неможноста да слетаат на аеродромот во Скопје, како што попладнево соопштија од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), е силниот јужен ветер што го зафатил Скопскиот Регион.
„Два авиони се пренасочени за слетување кон аеродромот во Приштина, додека други два сè уште кружат и чекаат насоки за слетување“,
информираат од ДЗС.
Ветрот, како што соопштија оттаму, дува на поголема височина поради што е отежнато слетувањето на авионите.
