Новите мерки стапија во сила на полноќ, со еден ден задоцнување и предвидуваат обврска за носење на маската ФФП2 во сите затворени простори. Од оваа обврска се ослободени само приватните простори за живеење, рестораните, како и на пробите или уметничките претстави
Уредбата, исто така, предвидува дека маските не мора да се носат на собири во затворени простории каде што има до 100 луѓе, но за собири со повеќе од 100 присутни, како што се кино, театар, опера, важи обврската за носење маски ФФП2
Сопственикот на угостителскиот објект може да избере дали ќе го примени правилото „3Г“ или ќе побара од гостите да носат маски
Во Австрија, по долги и тешки преговори, поради големиот број новозаразени, од полноќ е вратена обврската за носење маски во затворени простории.
Откако австриската влада на 5 март ги укина речиси сите епидемиски мерки, со исклучок на Виена, која ги задржа рестриктивните мерки, дојде до драматичен пораст на бројот на новозаразени, што ги принуди властите да ги вратат мерките.
Новите мерки стапија во сила на полноќ, со еден ден задоцнување и предвидуваат обврска за носење на маската ФФП2 во сите затворени простори.
Од оваа обврска се ослободени само приватните простори за живеење, рестораните, како и на пробите или уметничките претстави.
Уредбата, исто така, предвидува дека маските не мора да се носат на собири во затворени простории каде што има до 100 луѓе, но за собири со повеќе од 100 присутни, како што се кино, театар, опера, важи обврската за носење маски ФФП2.
На собири со повеќе од 100 луѓе без специфични седишта, како забави или свадби, организаторот може да го спроведе „3Г“ правилото, односно да се провери дали гостите имаат потврда за вакцинација, потврда за прележан ковид или негативен тест, наместо обврска за носење маски.
Сопственикот на угостителскиот објект може да избере дали ќе го примени правилото „3Г“ или ќе побара од гостите да носат маски.
Обврската за носење маски ќе биде на сила до 16 април.
На сила стапи и новата препорака на Министерството за здравство за карантин на заразените со коронавирусот.
Според оваа препорака, времетраењето на карантинот се скратува на пет дена, односно изолацијата може да се прекине по петтиот ден, но предуслов е лицето да нема симптоми најмалку 48 часа.
Лицето кое е позитивно, по петдневен карантин, мора да ја носи маската ФФП2 пет дена при контакт со луѓе, а тоа се однесува и на приватната средина.
Исто така, тоа лице не може да присуствува на поголеми настани, како натпревари, концерти и слично и треба да избегнува угостителски објекти.