Се повикуваат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите на полициските службеници
Во централното градско подрачје на Скопје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим поради протестниот марш „Стоп за Цементара“, закажан во 12 часот, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Маршот почнува пред Владата на булеварот „Илинден“, потоа продолжува десно по булеварот „ВМРО“, па во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11 Октомври“ до пред Собрание и лево по улицата „Филип Втори Македонски“ до пред Министерството за животна средина во Скопје.
Од полицијата велат дека од единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за пренасочување на возилата во зависност од движењето на колоната.
Се повикуваат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.
