Данска, иако е одговорна за безбедноста и одбраната на Гренланд, има ограничени воени капацитети на огромниот остров, кој се смета за безбедносна црна дупка. Сега, можностите на Данска вклучуваат четири стари инспекциски бродови, еден надзорен авион и 12 патроли со санки за кучиња, кои сите се задолжени да надгледуваат област четири пати поголема од Франција
Данска денеска соопшти дека ќе одвои 14,6 милијарди дански круни (2,05 милијарди долари) за зајакнување на своето воено присуство на Арктикот откако американскиот претседател Доналд Трамп најави интерес за контрола на полуавтономната данска територија – Гренланд, пренесува Ројтерс.
Трамп пред да биде инаугуриран рече дека Гренланд е од витално значење за безбедноста на САД и дека Данска мора да се откаже од контролата на стратешки важниот арктички остров.
По повеќе од една деценија драстични кратења на трошоците за одбрана, Данска минатата година одвои 190 милијарди дански круни (26 милијарди долари) за својата војска во период од 10 години, од кои дел сега е доделен на Арктикот.
Данска, иако е одговорна за безбедноста и одбраната на Гренланд, има ограничени воени капацитети на огромниот остров, кој се смета за безбедносна црна дупка. Сега, можностите на Данска вклучуваат четири стари инспекциски бродови, еден надзорен авион и 12 патроли со санки за кучиња, кои сите се задолжени да надгледуваат област четири пати поголема од Франција.
„Договорот вклучува финансирање на три нови брода на арктичката морнарица, двојно зголемување на бројот на планираните беспилотни летала со долг дострел на четири, како и сателитски надзор“,
рече данскиот министерот за одбрана, Троелс Лунд Поулсен.
Политичките партии се согласија да одвојат повеќе пари за Арктикот во договорот што ќе биде претставен во првата половина од годината.
Американската војска има постојано присуство во вселенската база Питуфик во северозападниот дел на Гренланд, која е стратешка локација за нејзиниот систем за рано предупредување за балистички ракети, бидејќи најкратката рута од Европа до Северна Америка минува низ островот.
Трамп посочи дека ќе воведе царини за Данска доколку таа ја одбие неговата понуда за купување на Гренланд.
