Според вебстраницата Флајтавер (FlightAver), повеќе од 2 800 летови биле откажани во саботата, околу 2 400 во петокот. До утрово, речиси 1 600 летови беа откажани ширум светот, а речиси 2 000 се одложени
Бројот на откажани летови викендов ширум светот поради сојот омикрон, утринава се приближи до 7 000 и се очекува дополнително да се зголеми до крајот на денот.
Според вебстраницата Флајтавер (FlightAver), повеќе од 2 800 летови биле откажани во саботата, околу 2 400 во петокот.
До утрово, речиси 1 600 летови беа откажани ширум светот, а речиси 2 000 се одложени.

Омикрон сè уште не е откриен во Кина, но земјата има и строги ограничувања поради неколку случаи на инфекција со делта, и како резултат на тоа, кинеските авиокомпании ги откажуваат повеќето летови во светот.
Според достапните податоци, 540 летови откажала „Чајна Истерн“, 267 летови на „Ер Чајна“, што е четвртина од вкупниот број летови на компанијата за летови.
Кина спроведува стратегија за нулта толеранција кон коронавирусот, а за само пет дена 13 милиони луѓе беа затворени во градот Ксиан, во централниот дел на земјата.
Ова доведе до многу тешка ситуација за трите главни кинески авиокомпании, „Ер Чајна“, „Чајна Истерн“ и „Чајна Саутерн“, кои загубија повеќе од милијарда евра во третиот квартал од оваа година.
Илјадници летови се откажани ширум светот за време на божиќниот викенд поради брзото ширење на новата омикронска варијанта на корона вирусот, а сајтот за следење летови Флајтавер наведува дека речиси 1 000 летови од и до САД биле откажани во саботата и 690 ден претходно.
На вебстраницата на Флајтавер не е наведена причина, но „Делта“, „Јунајтед“ и „Џет Блу“ во петокот објавија дека ширењето на сојот омикронпредизвикува проблеми со персоналот, што пак води до откажување на летовите.
Европските и австралиските авиокомпании, исто така, беа принудени да ги откажат своите летови за време на празничната сезона поради истите проблеми и ширењето на корона вирусот.
Над 100 домашни патнички летови се откажани и во Јапонија, но не поради пандемијата, туку поради обилниот снег во северните и западните делови на земјата, соопштија двете најголеми јапонски авиокомпании.