Веќе во првите денови од преземањето на функцијата во средата, Бајден ги заостри прописите за носење маски и нареди карантин за луѓето кои доаѓаат во САД со авион
Американскиот претседател Џо Бајден повторно го воведе ограничувањето за влез во САД за лицата кои не се Американци, а доаѓаат од Велика Британија, Бразил, Ирска и поголемиот дел од Европа.
„Новиот претседател, исто така, ќе ги прошири овие забрани за луѓе кои неодамна биле во Јужна Африка поради информации за појава на нови, попреносливи видови коронавирус во САД“,
изјави претставник на Белата куќа.
Одлуката на Бајден е дел од планот на новата администрација за борба против коронавирусот во САД кои се силно погодени од пандемијата, според бројот на случаи на инфекција (25,1 милиони) и бројот на смртни случаи – повеќе од 419 000.
Бајден во петокот процени дека бројот на смртни случаи од вирусот во САД треба да биде значително помал од 600 000.
Веќе во првите денови од преземањето на функцијата во средата, Бајден ги заостри прописите за носење маски и нареди карантин за луѓето кои доаѓаат во САД со авион.
Доналд Трамп во последните денови на власт објави дека ќе бидат укинати забраните за влез во САД за патници од поголемиот дел од Европа и Бразил, но администрацијата на Бајден соопшти дека веднаш ќе ја откаже наредбата, која требаше да стапи во сила на 26 јануари.
Трамп на 31 јануари 2020 година ја објави првата забрана за влез на патници во земјата од Кина, со цел да се запре ширењето на коронавирусот. Забраната беше проширена на европските земји на 14 март.