На патниот правец во моментов поради магла видливоста се движи од 40 до 50 метри, соопштија вечерва од Авто-мото сојузот на Македонија. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
“Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата”,
велат од АМСМ.
Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата.
“Особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево”,
се вели во соопштението.
